Левица Битола: КОЊАНОВСКИ НЕКА ГО ИЗВЕСТИ МИЦКОСКИ ДЕКА СОВЕТНИЦИТЕ НА ДПМНЕ ГЛАСАА ЗА БЛОКАДА НА РЕБАЛАНСОТ
Почитувани битолчани,
Денешната изјава на Христијан Мицкоски дека Левица е во коалиција со СДСМ и Поинаку е лага!
Оваа изјава на Мицкоски е обид да ги дезинформира граѓаните и да ги стави во заблуда, со цел прикривање на тоа дека ДПМНЕ го гласаше ребалансот кој ја закочи Општина Битола како што тврди Тони Коњановски.
Исто така, сакаме да истакнеме дека градоначалникот Тони Коњановски крие информации за ребалансот.
Повеќе пати јавно ја изрази својата загриженост за овој буџетски ребаланс и тврдеше дека развојот на општината е блокиран со гласање на овој ребаланс.
Советниците на ДПМНЕ имаат различни ставови и гласаа за ребалансот и тоа е легитимно, но зошто Градоначалникот Тони Коњановски во ниту еден прес, објава или соопштение не ги споменува советниците на ДПМНЕ?
Дали Тони Коњановски со изговорот дека општината е блокирана го прикрива своето катастрофално работење?
Граѓаните имаат право на вистинските информации и немаат потреба да бидат изложени на манипулации и обиди за дезинформирање.
Исто така широката коалиција ДПМНЕ, СДС и Поинаку сложно распродаде и даде под концесија општински имот!
Кога станува збор за бизнис интересите тие сложно и преќутно гласаат здружно!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…