Пожарите на грчките острови Родос, Крф, Евија и Крит и понатаму активни
Додека екипите се справуваат со пламените јазици, стотици туристи веќе го напуштија островот Родос, преку вонредните летови за евакуација. Од ден на ден се повеќе туристички аранжмани се откажуваат за јужниот дел од земјата. Премиерот Киријакис Мицотакис, ги повика граѓаните на готовност поради екстремен ризик од пожар и посочи дека најавените временски услови не им одат во прилог на граѓаните.
„Се разбира дека веќе наредните неколку денови или недели, сите мора да останеме во постојана готовност. Ние сме во војна фокусирани исклучиво на фронтот против огнот.“ – Киријакос Мицотакис, Премиер на Грција.
Меѓу време грчките медиуми известуваат дека канадар се срушил сред пожар додека се обидувал да го изгасне. Несреќата се случила во селото Платанистос каде пожарот се уште беснее. Канадерот исчезнал од радарот и наводно паднал во провалија. Хеликоптер кружи над местото во потрага по леталото.
Противпожарните екипи се сконцентрирани на селата Вати и Генади. Во текот на ноќта уште едно село било евакуирано на југот од островот Евија, и од копно и од возду се гасне и пожарот на северниот дел на островот Крф. Битката на пожарникарите и волонтерите со огнените јазици траеше во текот на целата ноќ, а продолжува и утрово.
„Тука сме изминатите шест дена да помогнеме на секој можен начин, но многу е тешко. Ветерот е многу горе денеска, ќе биде полошо во среда, многу е лошо.“
Речиси 20.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и хотели на Родос за време на викендот бидејќи пеколот што почна пред една недела и трае осум дена по ред, се прошири на крајбрежните одморалишта. Изгореа големи површини на ридовите, а оштетени се голем број вили. Исто така и на Крит, најголемиот од грчките острови, е вклучен алармот поради температутрите кои го достигнаа 44 -от степен целзиусов.
Комбинацијата на топлина и силни ветрови во Медитеранот претставуваат закана за пожари, но, климатските промени ги прават шумските пожари поголеми, побрзо и потешко да се запрат, вели професорот Гилермо Реин. Според него ѕидовите од пламен не можат да бидат сопрени од копнените екипи или да се забават со воздушни танкери, бидејќи и најмал летечкиот жар може го однесе пламенот на друга локација оддалечена со километри.
Европскиот топлотен бран го зафати и Дубровник, каде во текот на ноќта избувнаа два пожари, едниот над Мали Жала, а другиот во градот Солине во Жупа Дубровник, пламените јазици се закануваа да стигнат близу куќите.
Во Словенија пак, ветерот корнеше дрвја и носеше покриви, најпогодени беа западните делови и регионот на Целје на истокот од земјата од невремето што ја зафати земјата ноќта, а се смири утрово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…