63-годишен скопјанец се самозадоволувал пред жени, допирал и малолетно девојче!
Шеесет и тригодишен скопјанец е под истрага за сторено кривично дело Задоволување полови страсти пред друг, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години. Одредена му е мерка притвор, бидејќи постои можност осомничениот да се даде во бегство.
Како што информира Основното јавно обвинителство Скопје, на 24 јули, осомничениот во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште, по што осомничениот продолжил кон друг вагон. Таму седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените видно исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле осомничениот и го однеле во полициска станица.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење односно дека ќе се даде во бегство, постои оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена – соопшти ОЈО
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БОЛЕСТ! Струмичанец осомничен за силување малолетник со…
Полицијата сомничи 53 годишен жител на Струмица…
Ужас: Во Германија на секои половина час…
Во Германија на секои половина час дете…
52-годишен жител на Богданци обвинет за силување…
Синоќа на полноќ во Богданци полициски службеници…
Уапсен 91-годишен милијардер поради силувањe
Канадскиот милијардер Френк Стронах (91) е уапсен…
ХОРОР! 25-годишник е осомничен дека ја тепал…
Истражен судија на Жупанискиот суд во Сплит…