„Мамо, жива сум и здрава. Се наоѓам во „Тафталиџе” шатор бр. 12″ – “Кај споменикот на Гоце сме”: Потресни пораки кои ги спојуваа скопјани по земјотресот
Во деновите по катастрофалниот земјотрес пред влезот на многу куќи, на искршените врати, на испуканите ѕидови или на праговите со креда или боја биле испишани пораки во кои луѓето ги известувале своите блиски дека се живи и каде се наоѓаат.
„Мамо, жива сум и здрава. Се наоѓам во „Тафталиџе” шатор бр. 12″
„За Никола и Сеад: сите сме во шатори во паркот, близу до споменикот на Гоце Делчев. He влегувајте в куќа”.
Токму затоа, локалните уметници Драган Китановски – Драш и Блаже Атанасков вечерва во живо ќе испишуваат пораки и ќе цртаат мурали , на настанот кој под мотото „За Скопје со љубов“, денеска ќе се одржи на плоштадот Филип Втори (Карпошово востание), во организација на Црвениот крст на Град Скопје, а по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес.
Од Црвениот крст ги покануваат граѓаните да им се придружат во 18 часот на настанот со кој ќе му се одаде почит на градот и со кој ќе се покаже дека е не е заборавена поддршката што пред 60 години стигнала од целиот свет. За време на настанот, ќе се одвиваат повеќе активности како цртање на мурал, интерактивна обука за справување со катастрофи, иницијатива за пишување на писма и телеграми, како и дружење со вработените и волонтерите на Црвениот крст.
По земјотресот за многумина телеграмите и писмата биле единствен начин да дознаат што се случува во Скопје, дали нивните блиски се добро, да упатат сочуство на оние кои трагично настрадале, но и некој убав збор на скопјаните кои одново го создавале својот живот во нашиот град – велат од Црвен крст и додаваат дека за време на настанот и граѓаните че имаат можност да испратат писмо и некому да му кажат убав збор.
Хуманоста и единството се главните принципи во работата на Црвениот крст и, како што велат оттаму, токму кога на Скопје му било најтешко, волонтерите на оваа организација покажале најголема солидарност и сплотеност.
Во деновите по земјотресот, 78 Национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина речиси од целиот свет биле меѓу првите кои ни упатиле помош. Волонтерите и вработените на Црвениот крст и Црвената полумесечина од повеќе Национални друштва организирале народни кујни во шаторските населби, дистрибуирале храна, облека и обувки, пружале прва помош и лекарски прегледи и организирале акции за дарување крв, евакуација и спојување на изгубените контакти – објаснуваат од градскиот Црвен крст.
По повод 60 – годишнината од скопскиот земјотрес Црвениот крст спроведува и крводарителска акција, којашто е во тек во „Даре Џамбаз“ и ќе трае до 17 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…