Писонеро: Сите политички сили во земјава да работат за иднината на Македонија во ЕУ
Сите политички сили во земјата, вклучително и опозицијата, треба да работат заедно за обезбедување на иднината на Македонија во ЕУ, изјавија за МИА од Европската комисија, откако вчера собраниската Комисија за уставни прашања ја изгласа потребата за пристапување кон измена на Уставот, со што почна процесот на уставни измени.
– Македонија се обврза да го измени својот Устав. Тоа е суверена одлука. Во овој поглед се преземени првични чекори. Земјата дава добар пример за мултиетничко општество. Затоа, со измена на Уставот дополнително ќе се унапредат основните права, изјави за МИА портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.
Во однос на скриниг процесот на Македонија со ЕУ, од Комисијата додаваат дека тој тече според предвиденото и се одвива непречено, а до Советот на Унијата веќе се доставени извештаите од скринингот по кластерот „Темелни вредности“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…