И во Алтернатива се најавува дистанцирање од заедничкиот опозициски фронт – тоа се елементи на ДУИ-Соравија, вели генералниот секретар Ибраими

t

„Зајакнувањето на албанскиот опозициски фронт е правопропорционално со повлекувањaтa (оставките) на елементи од партијата Соравија кои се наоѓаат во редовите на опозицијата. Немојте да се чудите кога ќе видите дека се појавуваат и излегуваат ’незадоволни’ лица од Алтернатива, од Беса и од движењето на Изет Меџити. Тие се едноставно елементи на ДУИ-Соравија во овие партии, кои партијата Соравија сега ги користи за да ја подели здружената албанска опозиција. Доброто е што веќе не е 2016 година, а овој марифет веќе не држи вода. Овие работи само иритираат и предизвикуваат мобилизација. Ништо не може да ја спречи лавината од победи и испраќањето на ДУИ-Соравија во опозиција. Значи, извадете сè што сте инсталирале во други партии, искористете ги сите, продолжете бидејќи така нè зајакнувате!“, напиша Ибрахими.

По откажувањето послушност кон партискиот лидер на Беса, слично сценарио се навестува и во редовите на Алтернатива. Причина за незадоволство е најавеното обединување на опозицискиот фронт од албанскиот корпус, кое на својата заедничка средба го навестија Касами, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и предводникот на остатокот од „огнените“, Изет Меџити. Впечатокот дека лица како Бастри Бајрами и Аријанит Хоџа ќе се јават и кај алтернативците го буди нивниот генерален секретар Зеќирија Ибрахими, кој на својот фејсбук-профил пишува дека не ни било никакво изненадување ако има нови дисиденти, и тоа не само како досега од Беса, туку и од неговата Алтернатива, како и од движењето на Изет Меџити.

Инаку од денеска Беса остана без еден пратеник откако Бастри Бајрами објави дека ќе дејствува како независен. Неговото повлекување доаѓа само неколку дена откако Меџити, Гаши и Касами ги поставија темелите на опозицискиот блок. Пред Бајрами, од сите функции во Беса си даде оставка и заменик-претседателот Арјанит Хоџа, за кого целта на иницијаторите на „опозицискиот блок“ не е политичка промена, туку „перење“ политички фигури кои до неодамна беа актери во одржувањето на актуелната власт во живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…