(Видео) Екипи на ЕВН одново блокирани во Слупчане, жителите бараат да плаќаат по 3 000 денари месечно без разлика на потрошеното
Со нови блокади и протести се соочуваат екипите на ЕВН во липковското село Слупчане. Жителите не им дозволуваат на екипите на ЕВН да влезат во селото блокирајќи го пристапниот пат. Тие се противат на обидот на ЕВН да ги извади броилата од домовите и да ги постави надвор пред куќите, за да може да има контрола врз нив и да спречи злоупотреба на мрежата и крадење струја.
Слупчане да не им дозволуваат екипи на ЕВН да влезат во селото по неколкудневната блокада што се случи пред неколку недели, кога несовесни мештани го искинаа главниот кабел и предизвикаа сериозен дефект кој ги остави без струја не само Слупчане, туку и трите соседни села.
Безбедност на екипите ЕВН и влез во селото тогаш им гарантираа министерот за економија Бектеши и градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, кои се договорија со жителите на Слупчане да не го попречуваат отстранување на дефектот на електричната мрежа. Освен тоа, беше догорено да се започне со поставување нови броила кои ќе овозможат точно мерење на потрошената струја.
Откако беше решен проблемот и требаше да се влезе во следната фаза, жителите преку месната заедница минатата недела доставиле официјално известување до ЕВН во кое ги информираат дека не прифаќаат мерните уреди да се поставуваат надвор од куќите. Исто така, бараат да им се простат старите долгови и наместо редовна сметка, врз основа на податоците од струјомерите, да плаќаат месечен паушал од 3 000 денари, без оглед колку струја потрошиле.
Блокадата е во тек и нема навестување дека таа ќе прекине сè до исполнување на барањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…