Ќе одмориме од жештините: Доаѓа променливо облачно време и локален дожд
Времето утре во утринските чесови ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд. Преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо.
Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.
Од петок до недела ќе се задржи стабилно време со свежи ноќи и просечна дневна температура. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…