Поскапуваат дизелот и бензинот
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,72% во однос на одлуката од 24.7.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 4,065% , кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,410% и кај мазутот зголемувањето е за 3,245%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,782% .Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,337 ден/кг и сега ќе изнесува 42,338 ден/кг. Од 28.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,338 (денари/килограм)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велика Британија подготвува мерки за можен недостиг…
Велика Британија се соочува со нов притисок…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…
Русија воведе забрана за извоз на дизел
Русија воведе забрана за извоз на дизел,…
Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…