Кај албански возач со бугарски пасош пронајдени стероиди
Вчера во 18.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци, миграции и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода З.В.(51) од Република Албанија, со бугарска патна исправа.
При контрола, извршена од полициските службеници со екипа од мобилната царина, во автобусот кој го управувал З.В. биле пронајдени и одземени 67 пакувања различни видови стероиди во ампули за кои не поседувал никаква документација. Тој бил задржан во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за криумчарење по член 278 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…
АРСОВСКА ОТКРИВА КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, открива кој…
„Призма“: Нови сомнежи за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…