Измамена гостиварка, останала и без пари и без виза
Вчера во 13.30 часот во ОВР Гостивар, 32-годишна жителка на гостиварско село пријавила дека во текот на 2022 година била измамена од А.А.(31) од Тетово.
Според пријавеното во МВР, таа се запознала со А.А. преку посредници, а А.А. ѝ се претставила како вработена во странска амбасада. Како што е пријавено, тие се договориле за сума од 1700 евра да ѝ обезбеди виза за една европска држава. Исто така, според пријавеното, во септември 2022 година на А.А. ѝ дала 500 евра, додека останатиот дел, според договорот, требало да ги исплати нејзиниот сопруг. Откако до 25.07.2023 работата не била завршена, таа сфатила дека била измамена и случајот го пријавила, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фарс: Трамп бил вклучен во план за…
Иранската новинска агенција Фарс објави дека американскиот…
Хакери упаднале во погонскиот систем на огромен…
Американските власти откриле дека хакери успеале да…
Да не го мислите тука е: Ким…
Северна Кореја утрово истрела засега неидентификуван проектил…
Трамп: САД нема да го забранат извозот…
Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…
Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…
Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…