Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие светители

t

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители:

Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија

Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. И ги испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога тој Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на Старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ликуваат со ангелите.“ Се памети трогателна глетка со една срна, којашто порано се хранела од рацете на Атиноген, а кога го видела во неволја, притекнала кај него и пролевала солзи. И горските ѕверови имаа повеќе сострадалност кон Христовите маченици отколку незнабожците. После тешки мачења, при коишто ангел Господов ги ублажуваше мачениците, сите беа убиени со меч: најпрво свештениците и сотрудниците на Атиноген, а потоа и самиот Атиноген. Во небесната татковина се преселија во 311 година.

Тропар
Нема ученик поголем од својот учител, но радоста учителска е потполна кога ученикот ќе го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свет со своите ученици како јагниња на колење беа испратени, а од нивните усти се излија зборови благодарни; прими н?, Боже, и нас по нивните молитви како ученици и исповедници на Љубовта.

Светата маченичка и девица Јулија

Родум од Картагена, од прочуен род. Кога Персијанците ја покорија Картагена, многуброен народ беше одведен во ропство. Беше фатена и заробена и Света Јулија и му падна во рацете на некој трговец во Сирија. Трговецот беше незнабожец. Кога виде дека Света Јулија е христијанка, ја советуваше да се откаже од Христа и да стане едноверна со него. Јулија никако не се согласуваше со тоа. Па бидејќи беше верна и добра во служењето, трговецот ја остави и не ? додеваше повеќе за верата. Еднаш тој натовари кораб со стока, ја зеде со себе Јулија и тргна во далечни краишта по трговија. Кога пристигнаа на Корзика, се падна некој незнабожечки празник, а Јулија остана на коработ плачејќи од жал што многубројни луѓе живеат во глупава заблуда и не знаат за вистината. Но незнабожците некако дознаа за неа, ја извлекоа од коработ и иако нејзиниот господар им се противеше, почнаа страшно да ја мачат, ? ги отсекоа градите и ги фрлија на еден камен, а потоа ја распнаа на крст. Тогаш Јулија Му го предаде својот дух на Господ. Ангел Божји им ја објави нејзината смрт на монасите на блискиот остров Маргарита (или Горгона) и тие дојдоа и чесно го погребаа телото на маченичката. На гробот на Света Јулија се јавуваа многубројни чуда. Таа пострада чесно во 6 век. После многу години верните посакаа да изградат нова црква во чест на Света Јулија на едно друго место, бидејќи старата црква остаре и пропадна. Но ноќта наспроти денот кога сакаа да го положат темелот, граѓата за црквата со невидлива рака беше пренесена до старата црквичка. Во недоумение луѓето повторно ја пренесоа граѓата на новоизбраното место, но пак се случи истото: материјалот се врати на местото кај старата црква. Од ова сите разбраа дека Света Јулија не сака да ? ѕидаат црква на друго место, па ја срушија старата црквичка и на тоа место подигнаа нова.

Тропар
Светла гулабице Христова, Јулијо маченичке, Небесата денес торжествуваат и народот верен се радува славејќи го чесниот спомен: на онаа која Христа ради, верата ја исповеда спасоносна, на онаа која за Христа ја сочува девственоста во царството на вечноста, на онаа која сега со солзи непрестајни за нас се моли. Господи, слава Ти!

Петанесет илјади Свети маченици

Убиени со меч за верата во Христа во Персија.

Светиот маченик Атиноген

Составувач на вечерната песна „Светлино тивка“. За Христа убиен во оган, се удостои со вечната слава во Царството Божјо.

Тропар
Пламенот на верата од срцето твое бликна, о Атиногене, свети мачениче: светлино тивка на светата слава… и ја запали вселената со славословие по Бога, а тебе благодатно двоен венец ти исплете, кој како палатка за молитва пред Христа послужи од каде сега моли се да се спасат нашите души.

Споменот на шесте Вселенски Собори

Овој заеднички спомен на првите шест Собори се врши во недела, меѓу 13 и 19 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес ја погоди Хрватска

Сеизмолошкиот институт на Хрватска соопшти дека утринава…

Се судрија автобус на ЈСП и дрвокрадци…

Дрвокрадски се судриле со автобус на ЈСП.…

Уапсен уште еден пироман во прилепско, запалил…

Вчера полициски службеници од ОВР Прилеп уапсиле…

(Фото) Спасен убавиот пелагониски манастир: Ова се…

Во справувањето со пожарите во Општина Новаци,…

МВР со детали за сообраќајката во која…

МВР со детали за страотната сообраќајка во…