Објавено на:

Србија да ја повика Русија да престане со агресијата, како што ние направивме во 1999 година – велат од Амбасадата на Украина

t

Амбасадата на Украина во Белград соопшти дека Украинците би сакале на веб-страницата на Собранието на Србија да го видат повикот до Русија да ја прекине агресијата врз таа земја, слична на онаа што ја објави Парламентот во Киев за време на бомбардирањето на СР Југославија, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението по повод Денот на украинската државност, кој се слави на 28 јули, амбасадата наведува дека Украина во 1999 година „гласно го повика светот“ да престане со бомбардирањето на СР Југославиј, и преку соопштение на веб-страницата на Парламентот, Врховната Рада.

– Обраќањето на Врховната Рада на Украина по тој повод беше објавено на веб-страницата на нашиот Парламент. Дали Украинците би сакале да видат слично обраќање за поддршка на Украина на веб-страницата на Парламентот на Србија? Да. А, дали навистина ќе го видат е прашање на нашите српски партнери, соопштија од украинската амбасада.

Амбасадата наведува и дека оваа година Денот на украинската државност за последен пат ќе се слави на 28 јули, а од следната година ќе биде на 15 јули, поради преминот на сметање на времето на Православната црква на Украина и Украинската грчко-католичка црква на новојулијанскиот календар. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…