Објавено на:

Закани и насилство: Направил хаос во сервис за автомобили откако го фатиле дека плаќа со фалсификувани пари

t

На 27.07.2023 во 19:40 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Б.И.(31) од с.Сингелиќ, скопско.

Тој се сомничи дека во периодот од 07.07. до пријавувањето на 27.07.2023, во повеќе наврати упатувал закани кон Г.Д.(28) од Скопје. Според пријавеното, Б.И. на 07.07.2023 го однел своето возило на поправка во авто сервисот на Г.Д.(28) од Скопје, а откако Г.Д. му кажал дека парите што му ги дал за купување резервни делови биле фалсификувани, тој во неколку наврати преку смс пораки му упатил закани дека ако не му го поправи возилото ќе треба да му даде 5.000 евра.

Исто така, според пријавеното, на 26.07.2023 Б.И. со тврд предмет се заканил на друг вработен во сервисот и оштетил неколку возила оставени за сервисирање. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал при СВР Скопје против него ќе поднесе соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: САД нема да го забранат извозот…

Американскиот претседател изјави дека Вашингтон никогаш ниту…

Двајца Иранци обвинети за подготовка на терористички…

Британските власти обвинија двајца ирански државјани за…

Франција вриe: Стотици училишта затворени, судири со…

Франција се соочува со нов бран ученички…

Русија систематски ги гаѓа мостовите преку Днепар…

Русија втор ден по ред ги напаѓа…

Дизелот во Британија за првпат над 2…

Енергетската криза што со месеци се развива…