Софија со остри реакции за инцидентот во Скопје
Бугарија упати протесна нота до Скопје во врска со вчерашните случувања ден по натпреварот Шкупи-Левски и тешката повреда на бугарскиот државјанин. Содржината не се открива, но се дознава дека официјална Софија го осудила институционалниот пристап кон бугарските граѓани и полициската бруталност. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека МНР ќе одговори на официјална Софија, додавајќи дека настаните од 27 јули се дело на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот.
Дополнителни реакции имаше и од политичките партии. Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов најави дека ќе бара отчет од македонската амбасадорка во Софија. Во меѓувреме, пратеникот и поранешен министер од партијата на Кирил Петков, Даниел Ролел, изјави дека вчерашните дела се неприфатливи и дека бугарските граѓани во Скопје ќе се чувствуваат рамноправни дури по нивното вклучување во Уставот.
Првата казна што се очекува против тимот на Шкупи е забраната на навивачите „Шверцери“ да присуствуваат на реваншот меѓу Левски и Шкупи. За ова се чека конечната одлука на УЕФА. Натпреварот претходно беше оценет како натпревар со висок ризик, пордаи што УЕФА препорача неопходни мерки за одржување на редот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…