МВР ги расчистува инцидентите од вчера – Хулигани од двете страни ги предизвикале нередите!
Застанале среде Чаир, излегле од автомобилите па настанала тепачка.. Таков бил текот на инцидентот со бугарските навивачи во кој еден од нив беше прободен со нож во стомакот..
„Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти. При враќањето во автмобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспатилизиран“, велат од обвинителството..
Повредениот е опериран во болницата Св Наум Охридски од каде велат дека е во стабилна состојба.. Бугарската амбасада побарала тој да биде пренесен во Бугарија..
За нападот, полицијата веќе привела едно лице, а повеќемина биле идентификувани и се работи на нивно пронаоѓање.. Според МВР инцидентот го предизвикале бугарските навивачи..
Навивачите пак за бугарските медиуми сведочат дека низ Чаир се движеле по предлог на полицијата..
Бугарски навивачи стојат и зад инцидентот на влез во стадионот.. Во физичката пресметка, повреден е еден полицаец, а 19на државјани на Бугарија беа приведени.. Го нарушиле јавниот ред и мир за што се казнети со глоби од 100 до 250 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените и на храната и пијалоците во…
Цените во Охрид уриваат рекорди. И на…
Толку беше од линеарното покачување, од септември…
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовка појасни…
(ВИДЕО) Јакимовски: Конечно по 10 години, ќе…
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски од…
Вучиќ очекува инциденти на денешните протести во…
„Според нашата проценка, се очекува насилството да…
Ужас во Пехчево: Млада жена турната низ…
Во објектот на Центарот за социјални работи…