„Како да се размислува и како да се живее?“ прашува српскиот одбојкар кој ја загуби ќерката во масакрот во „Рибникар“
Драган Кобиљски, српскиот одбојкар кој ја загуби ќерката Ема во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, на својот профил сподели објава во која си ја отвори душата – за болката и загубата, но и за неправдата со која се соочуваат родителите на убиените деца..
Тој напиша:
„Како да се размислува и како да се живее?
Зошто нè нарекуваат родители на деца „жртви“?
Нашите деца не беа убиени од несреќен сплет на околности, нашите деца беа убиени (застрелани, ликвидирани) со многу јасна намера, план и желба за смртен исход… ништо не се случи случајно… само некои од нив беа спасени случајно…
А како живеат, дишат, па дури и постојат родителите на убиените деца? Какво е детството и младоста за браќата и сестрите, каква е староста за бабите и дедовците? Каков е животот на ранетите, а какви се траумите на преживеаните?
Колку светови се всушност уништени?
Дали ова може да се поправи? – не! Дали децата можат да се вратат? – Неможам!
И дали е важно да се утврдат одговорностите во ова кривично дело? – Тоа е важно!
Важно е вакво нешто никогаш да не се повтори“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…
По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…
Дизелот поскапува за 2,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Полициско возило и „ауди“ направиле сообраќајка: Петмина…
На булеварот „Србија“ и улиците „3 Македонска…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
(Видео) Крстевски: Со месеци трпиме опструкции, за…
Се соочуваме со опструкции од сите страни,…