Зибери бара да се преиспитаат брзите кредити
Народниот правобранител Насер Зибери во повратниот допис бара Министерството за финансии да не се крие зад МВР и да не ги меша надлежностите.
„Да извршите инспекциски надзор и да утврдите фактичка состојба – дали при издавањето брзи кредити од конкретните финансиски друштва биле почитували или не одредбите од Законот за финансиски друштва и од Законот за заштита на потрошувачите, при склучувањето на договоти за таквите кредити!
Да проверите кога и на кој начин биле издавани поединечните кредити, потоа дали, кога и од кое лице како корисник на кредит биле потпишани, како била извршена нивната исплата, на кој начин и на чија сметка, дали начинот на исплата е во согласност со позитивните законски прописи и крајно – зошто во случајот биле издавани кредити кога сите финансиски друштва од адвокатката на подносителката на претставката, соодветно биле информирани да престанат со издавање кредити со неважечка лична карта!“, му пишува Народниот правобранител на Министерството за финансии, водено од министерот Фатмир Бесими.
Во дописот му се укажува на Министерството дека е единствен надлежен орган за да го испита работењето на финансиските друштва, а истото го потврдија и од кабинетот на гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.
„Испитајте го работењето на финансиските друштва и преземете мерки. Не е одговор тоа што кажувате општопозната работа дека кривичното гонење било работа на полицијата, за што со посебен допис Народниот правобранител се обрати до МВР“, пишува Омбудсманот.
Со дописот до МВР, пак, тој бара информација до каде е истрагата и кога ќе ги најдат измамниците што подигаат брзи кредити на име на лицето со церебрална парализа. Одговор сè уште нема, сторителите не се откриени. Ни МВР не го испочитува Омбудсманот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…