Османи смета дека Македонија веќе ги добила гаранциите дека нема нови услови за ЕУ
Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за гаранции околу бугарските барања се веќе исполните и затоа нема повеќе пречка тие да гласаат за уставните измени.
Гаранциите дека соседна Бугарија нема да излезе со нови барања кон Македонија во евроинтегративниот процес се во Преговарачката рамка, тврди шефот на дипломатијата Бујар Османи. За ниту едно од поглавјата да се отвори не се услов Договорот со Бугарија и Протоколот вели Османи притоа оценувајќи ги како политичка пропаганда неодамнашните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени не се последниот услов.
„Не е Претседателот Радев во Европскиот Совет, туку е премиерот во Европскиот Совет, тие кажаа дека нема нови барања. Нема на што да се повикува, на кој дел од Преговарачката рамка за да изнесе Бугарија утре до Комисијата за да даде писмен извештај дека е реализиран или не е реализиран. Се друго е пропаганда. Се друго е обид да се исплашат граѓаните заради политички и партиски цели додека се изложени на процес на пасошизација.
Процесот на уставните измени во земјава за внесување на бугарите во Уставот влезе во собраниска процедура. Комисијата за уставни прашања го усвои предлогот за пристапување кон измена на Уставот а на 18 август Џафери ја закажа пленарната седница. Но и според пресметките на Османи, недостасуваат уште 8 пратеници. Тој смета дека е добро што никој во стручната јавност досега не ја оспорил содржината на уставните измени. Сите барања на опозициската ВМРО ДПМНЕ за уставните измени се прифатени вели Османи но и кажа дека се сомнева во, како што рече, премолчен договор од двете страни на границата за да се блокира Македонија.
„И ако мене некој ќе ми каже дека со спомнување на Бугарите како посебно малцинство во Уставот ќе се бугаризира државата, а нема со земање на пасоши во кои што сами се пријавувате дека се по потекло Бугари, освен доколку нема некој премолчен договор. Затоа сум рекол, често се сомневам дека помеѓу радикалите од двете страни има некој премолчен договор. Ние ќе ја задржиме државата да не напредува, а вие продолжете со својата мисија за бугарски пасоши. Немам друго објаснување.
Во врска со завчерашните инциденти во Скопје со навивачите на Левски пред фудбалскиот натпревар со ФК Шкупи, Османи не очекува тоа да се поврзе со односите меѓу двете земји, со оглед на тоа што според него македонското и бугарското МНР имаат слични ставови за овие настани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…