Левица: Дали премиерот ќе преземе нешто за очигледното криминално дејствување на ЕВН?
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, упати пратеничко прашање до премиерот Ковачевски, што ќе преземе за национализација на ЕВН бидејќи, како што вели Крмов, народот сака ЕВН да се врати во државна сопственост.
– ,,Продажбата на ЕСМ е оној бонбона бизнис на Шеќеринска, кога ЕСМ заедно со целата дистрибутивна мрежа, вклучително и 11 хидроцентрали, беше продадена на ЕВН за 225 милиони евра, од кои им имаме иницијално вратено 22.5 милиони евра – што значи дека за продажбата сме инкасирале само 200 милиони евра. Продажбата на ЕСМ е всушност меѓупартиски договор на СДС и ЛДП и за оваа инстанца се вели дека поминала до прегратки и аплаузи и каде се разговарало за подготовка на населението за оваа продажба. Сите национални предавства и економски разорувања се случуваат на овој начин, со гушкање и аплаузи.
За помалку од 10 години ЕВН ќе си ги врати парите. Ние зборуваме за компанија која нема редовни финансиски извештаи, додека договорот е и понатаму таен. Според поранешен министер за финансии грубо е прекршен договорот за купопродажба, бидејќи ЕВН во првите години требала да инвестира 96 милиони евра, од кои инвестирале само 23.9 милиони евра. Во 2011 година помеѓу ЕЛЕМ и ЕВН се случува спогодба откако ЕВН одбива да го плати долгот кон ЕЛЕМ од 105 милиони евра. Ние продолжуваме да ја толерираме оваа компанија.
Од друга страна, граѓаните плаќаат сѐ – приклучоци на бандери, и кабли и сите пропратни работи. За имотот кој го плаќаат граѓаните, ЕВН го впишува како инвестиција – и додека ги диктираат цените, не одговараат!
Моето прашањето до Премиерот е: дали планирате нешто да преземете за очигледното криминално дејствување на ЕВН?’’ – вели Крмов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…