Објавено на:

Путин дава два милиони долари за набавка на храна за Мали

t

Претседателот на Русија Владимир Путин се сретна во Санкт Петербург во рамките на самитот „Русија-Африка“ со претседателот на Мали Асими Гоита.


-„Сметаме дека Мали е еден од клучните партнери во регионот и заинтересирани сме да ги подигнеме односите на сосема ново ниво“, рече Путин, додавајќи дека интензитетот на дијалогот меѓу двете земји е висок, но дека постои пад во сферата на трговијата.


Тој изрази надеж дека Русија и Мали ќе го поддржат почитувањето на меѓународното право во солидарност.
Една од темите на разговорот била испораката на жито, а Путин објавил дека руската влада одлучила да одвои два милиони долари за набавка на храна за Мали преку Обединетите нации.
Претседателот на Мали му се заблагодари на Путин за испораките на жито.
Ова говори за солидарноста што вашата земја ја покажува кон нашата, рече Гоита и потсети дека Мали е една од земјите што прима најмногу руско жито.


„Многу африкански земји, особено Мали, се под притисок без преседан. Но, ние се надеваме на партнерство со Русија. Тоа е наш суверен избор. Народот на Мали целосно и искрено ја цени поддршката на Русија бидејќи во тешки моменти ја гледаме како наш вистински пријател. “, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…