Арсовска го превзема знамето: Следните Европски младински олимписки игри ќе се одржат во Скопје во 2025 година!

t

Следните Европски младински олимписки игри ќе се одржат во Скопје во 2025 година, информира градоначалничката Арсовска која заедно со делегација од МОК го презема знамето на ЕОК во Словенија.

-Во Марибор, Словенија, со делегација од Град Скопје и МОК го превземавме знамето на Европскиот олимписки комитет, како симбол на преземање на организацијата на следните Европски младински олимписки игри кои ќе се одржат во Скопје 2025 година.

Честа е голема што Скопје во 2025 година ќе биде домаќин на ваков голем и престижен спортски настан. Одржувањето на младинската олимпијада во Скопје е одлична можност за афирмација на нашиот град како спортско-туристичка дестинација, а ние уште еднаш ќе се покажеме како одлични домаќини. Организацијата на настанот е и одлична можност со поддршка на ЕУ да инвестираме во подобрување на нашите капацитети и инфраструктурата со што ќе ги подобриме условите за спортување на младите генерации успешни спортисти.

Европските Младински Олимписки Игри првпат се одржаа во Брисел во 1991 година, а Скопје во 2025 година ќе биде домаќин на 25-те Европски Младински Олимписки Игри, на кои се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 европски држави, кои ќе се натпреваруваат во 12 олимписки спортови. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна девојка од Скопје, имала здравствени проблеми

На 11.08.2024 во 14:00 часот во Полициската…

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…