Словачкиот амбасадор од Делчево: Сега е последниот воз за ЕУ

t

Сега е последниот воз што Македонија мора да го искористи, бидејќи друга алтернатива за останување на европските патеки не постои, истакнува во изјава за МИА словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, кој денеска беше во посета на Делчево.

Ова, според него, било јасно кажано и на последната средба на тројцата министри во рамки на таканаречениот трилатерален Славков формат, која се одржа на 13 јули годинава во Скопје.

-Оваа трилатерална група има многу добра соработка, можеби подобра од Вишеградската група и министрите тогаш дадоа многу јасни пораки. Ова што се случи со таканаречениот Француски предлог можеби не беше баш најдобро, но таков е животот. Животот не е фер, а Македонија нема друга алтернатива од тоа да се направи она што треба. Таква беше апсолутно таа порака – рече словачкиот амбасадор.

Според Маркуш, земјава може да биде доведена во ситуација да застане на патот, а Албанија да продолжи напред. Осврнувајќи се на ставовите на опозицијата, Маркуш вели дека сега е доцна за она што го зборува опозицијата и дека таа не нуди алтернатива или решение.

-Сега сте во супер тешка ситуација – Македонија да застане на патот, а Албанија да оди напред, наместо да се направи тандем и да се направи единствено добро решение што побргу членство на Македонија и Албанија. И затоа јас мислам дека пораките на министрите на таканаречениот Славков формат беа јасни. На таа средба нашиот министер го цитираше Кофи Анан, екс секретарот на ООН, кој има кажано „Времето е сега и изборот е многу јасен“ – додаде Маркуш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…