Објавено на:

Шоле ја одложи планираната посета на Косово, Босна и Херцеговина и Србија

t

Потсекретарот на американското Министерство за одбрана, Дерек Шоле ги одложи планираните посети на Косово, Босна и Херцеговина и Србија, пишува КосоваПрес, повикувајќи се на Беким Купина, советник на косовската претседателка Вјоса Османи.

Нема откажување на посетата, но бевме информирани дека има одложување на датумите за целата балканска турнеја (која ги опфаќа Косово, Босна и Херцеговина и Србија) од објективни причини поврзани со еден од членовите на делегацијата, објасни Купина.

Косовските медиуми претходно овој месец објавија дека Шоле, заедно со американскиот сенатор Крис Марфи и неколку членови на Комитетот за национална безбедност на американскиот Сенат, се очекува да го посетат Косово на 30 и 31 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tрагедија на Халкидики: Младо момче од Македонија…

Деветнаесетгодишно момче од Македонија трагично го загуби…

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард…

Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа…

Поднесено обвинение за таткото што при семејно…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

„Агроплод Ресен” незаконски стопанисува со автокамп кој…

Левица денес објавува докази за сериозниот криминал…

САД повторно ги отвораат студентските визи –…

Американската амбасада во Скопје информира дека наскоро…