Верстапен и трета година по ред прв на Гран при во Белгија
Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на денешната трка возена за Големата награда на Белгија.
Холанѓанецот 44-те круга на патеката Спа-Франкошамп ги заврши пред клупскиот колега Серхио Перез и Шарл Леклер од Ферари.Верстапен на стартот тргна од шестата позиција, но и тоа не му беше пречка на крајот на убедлив начин да дојде до првото место оставајќи ги зад себе најблиските конкуренти за повеќе од 20, односно 30 секунди.
За Верстапен ова е 45-та победа во кариерата и трета во низа во Белгија. Во тековната сезона актуелниот светски првак победи на осмата последователна трка и вкупно десетта.
Ред Бул победи на 13-тата трка по ред и постави рекорд во историјата на Формула 1.
Верстапен е лидер во поредокот за возачи со 314 бодови пред Перез со 189 бодови и Алонсо од Астон Мартин со 149.
Ред Бул води во шампионатот за конструктори со 503 бода, втор е Мерцедес со 247, на трето место е Астон Мартин со 196.
Следната трка во Формула 1 ќе се одржи во Холандија на 27 август.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…