ПРОФ. ТАШЕВ ОД БАН: Нападот на бугарските навивачи на Левски во скопски Чаир не го извршиле Албанци туку посрбени Македонци
Заслепеноста на пропагандата која доаѓа од Бугарија не е само за минатото и историјата туку и за настаните кои се случуваат денес пред нашите очи.
Последен пример за тоа е д-р Спас Ташев од Институтот за истражување на населението и на човекот при Бугарската академија на науките (БАН), кој на Фејсбук објави информација што ја добил од Скопје за нападот врз навивачите на Левски во Чаир.
– Денеска од Скопје ми беше испратена оваа информација: „Имаме целосна информација, ДПМНЕ со министерот за внатрешни треба да се казнат. ДПМНЕ подло се уфрли меѓу напаѓачите за да изгледа дека Албанците ги нападнале Бугарите, а според жестината на ударите тоа се посрбени Македонци од ДПМНЕ“, гласи информацијата што ја добил Ташев од БАН, демограф и познат лик во антимакедонската кампања во Бугарија.
Ако пропагандата од Бугарија се обидува да ја искриви вистината со вакви лажни информации за настани за кои сме сведоци со свои очи, што останува за минатото и историјата!?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…