Добро утро со Инфомакс: Секогаш има Илиндени, само да има мажи!

t

Илинден е еден од најголемите македонски празници, датум кој се врзува со низа историски настани уште од античкиот период до денес, датум кој е синоним на македонската борба за слобода и државност.

Добро утро Македонци, честит Илинден и запамтете ги зборовите од гробот на незнајниот Илинденец:

Јас паднав и не жали ме,
ниту го барај моето име во тревата.
Јас паднав за Родината,
зашто Родината света
поскапа е од мајка
на мајките таа е мајка –
Жална Македонија!

Телото и’ го распарчија
алчни, побеснети пцишта,
со кундаци и ками
името и’ го ништат.
Јас паднав, но не жали ме
ниту го барај моето име во тревата.
Јас паднав за Родината,
зашто Родината света
помила е од мајка,
на сите сираци мајка,
на сите вдовици мајка –
Жална Македонија!

Ти само расти и помни:
кој ти го уби дедо ти,
кој ти го закла татко ти,
кој ја обесчести мајка ти,
кој ти ја запали куќата,
кој ти го украде сонот,
кој ти го грабна залакот –
а кога ќе ја откопаш
мојата стара берданка,
не жали дека паднав –
јас паднав за Родината,
туку префрли ја на рамо
и фати ја планината!

НАД ОВОЈ ГРОБ НЕ ТАЖИ
СЕКОГАШ ИМА ИЛИНДЕНИ–САМО ДА ИМА МАЖИ!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…