Објавено на:

Монструмот Коста имал само едно прашање: Го пребарал одговорот на интернет, па направи масовно убиство

t

Момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“, кое пред три месеци уби девет врсници и чувар во ходникот и училницата за историја, пред злосторството пребарувало на интернет „дали има доживотна казна затвор во Србија“.

Српските медиуми денес објавуваат нови детали.

Тие пишуваат дека Коста Кецмановиќ на стручните лица им признал дека пред крвавиот пир не бил сигурен дали законски ќе одговара за такво дело. Знаел дека не може да му се суди доколку нема наполнето 14 години, но еве што пренесуваат дека рекол:

„Не знаев дека нема да одговорам, мислев дека ќе одговорам, затоа погледнав на интернет да видам дали може да бидам осуден на доживотен затвор. Сакав да знам што ме чека“.

Да потсетиме, според сегашниот закон, тој како тринаесетгодишник не одговара кривично, а не може да одговара за стореното иако во меѓувреме наполнил 14 години.

Неколку часа по страшното злосторство беше сместен во психијатриска установа каде престојуваат деца и таму се наоѓа до ден денес. Колку долго ќе остане не е познато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…

На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Бидејќи и вака се пласира од страна…

Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…

Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…