СДСМ: Резолуцијата во Сенатот e признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество

t

Резолуцијата во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја е уште една потврда за успешноста на меѓународната политика на СДСМ и признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество, велат од најголемата владеачка партија преку соопштение.

Според СДСМ, наспроти лагите на ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет,  факт е дека тие денес се заштитени и меѓународно потврдени како никогаш претходно.

Од партијата потенцираат дека продолжуваат да работат на дополнителна меѓународна афирмација на македонскиот јазик, култура и посебност и да ги остваруваат стратешките цели на државата.

Според републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, целта е да прослават слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Во резолуцијата се вели дека е важно да се истакнат клучните придонеси и културно влијание на македонските Американци во САД. Според проценките, денеска во САД живеат околу половина милион граѓани со македонско потекло.

Обединетата македонска дијаспора ја поднесе иницијативата за резолуцијата.

Пред повеќе од еден месец беше донесена важна резолуција во друга држава, поврзана со нашиот народ и идентитет. Германскиот парламент на 15 јуни донесе резолуција за поддршка на европскиот пат на нашата земја, во кој ја признава македонската култура, идентитет и јазик. Во документот се препорачува германската влада да ја повика Бугарија да го поддржи патот на Македонија кон ЕУ во рамките на постигнатиот компромис и да се воздржи од поставување дополнителни услови. Нашата земја е повикана да ја спроведе договорената промена на Уставот и да ги внесе етничките Бугари во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…

СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…

Проектот за реконструкција на патниот правец во…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…