Го попречувал сообраќајот во село Кучково, кога дошла полицијата им фрлил сто евра

t

На 01.08.2023 околу 13.50 часот во село Кучково, Скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.С.(50) од с.Ласкарци, Скопско. Во наведеното време, полициски службеници го затекнале лицето како со товарно возило го попречува нормалното движење на сообраќајот во село Кучково.

Откако му било посочено дека сторил прекршок согласно член 63 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и дека ќе му биде поднесен прекршочен платен налог, тој извадил 1000 денари, ги фрлил во службеното возило и од полициските службеници побарал да не му пишуваат казна. Веднаш потоа тој бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…