Објавено на:

Бугарските доктори потврдија оти македонските “не знаеја”: Навивачот на Левски е во одлична состојба

t

Состојбата на бугарскиот државјанин Драгомир Андонов кој минатата недела беше избоден со нож во Скопје, пред мечот Шкупи – Левски е стабилна без опасност по животот, соопштија лекарите од Военомедицинската академија во Софија каде повредениот е пренесен вчера по операцијата во болницата Св. Наум Охридски во Скопје.

-Пациентот е во одлична состојба, со стабилни и високи лабораториски параметри, изваден е од интензивна нега и сместен во стандардна хируршка клиника за завршување на лекувањето и рехабилитација“, соопштија од софиската ВМА.

Андонов беше повреден на 27 јули во инцидент во скопската населба Чаир непосредно пред мечот на бугарскиот клуб Левски со фудбалерите на Шкупи. Се здоби со повреда во пределот на стомакот со лезија на црниот дроб и веднаш беше опериран во УКХБ Св. Наум Охридски во Скопје.

Вчера тој со лет на Државниот авијациски оператор, а во хеликоптер Ми-8, е пренесен од Скопје во Софија. Во леталото била екипа на бугарската Воено – медицинската академија составена од д-р Александар Соколов и наредникот Марија Борисова, како и медицинска сестра.

Ден по нападот врз Андонов, македонското Јавно обвинителство за четворица осомничени предложи неколку мерки на претпазливост: обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патните исправи, како и забрана за посетување на определено место – спортски натпревари.

ЈО ги разгледа сите околности на настанот и смета дека бил предизвикан кога бугарските навивачи со две возила се движеле во близина на трговскиот центар “Чаирчанка” и најпрвин влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани, а потоа ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти.

-Лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин е идентификувано, но се уште не е лишено од слобода и по него се трага. Обвинителството продолжува да презема дејствија за обезбедување докази со цел целосно расчистување на настанот, соопшти ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски медиуми: Хилари Клинтон е во посета…

Хилари Клинтон е во посета на Бугарија,…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

КИРИЛ ПЕТКОВ ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал…

Фицо е во вештачка кома: Операцијата траела…

Операцијата на словачкиот премиер Роберт Фицо траела…

Чернева: Тешко дека Македонија ќе почне преговори…

Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за…