Софка Пејовска Дојчиновска нов заменик-претседател на Антикорупциската комисија
Софка Пејовска Дојчиновска е нов заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Пејовска Дојчиновска доаѓа на местото на Катица Николовска, на која членовите на ДКСК и заблагодарија за досегашниот вложен труд.
-За следен заменик-претседател се предлага најстариот член, кој работи од првиот ден од формирањето на ДКСК, рече претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска пред гласањето.
На седницата која се одржува преку зум платформата, изгласани се и предложените изменувања и дополнувања на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.
Членовите на Антикорупциската комисија постапуваат и по конкретни предмети, како и по предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…
- Ова е шанса да се расчисти…
Судот пресече: ДКСК мора да даде увид…
Антикорупциската комисија мора да му овозможи на…
(Документи) Државниот пазарен инспекторат работел без печат…
„Животните надвор гледаа од свиња на човек,…
Антикорупциска доби заменик-претседателка која ќе ја менува…
Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на…
Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско…
Повеќепати оспоруваната Државна комисија за спречување на…