МНР со вонредно соопштение за попоплавите во Словенија

t

Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме кое ја зафатило Словенија, затворени се голем број на патишта и автопатишта низ целата земја.

Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни.

Воедно се замолуваат нашите граѓани, доколку се наоѓаат во погодените региони и имаат потреба од евентуален помош да ја контактираат Амбасадата на Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса [email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected].

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…