Ново предупредување: Невремето е тука, ноќеска ќе се појави повторно!
Силен ветар проследен со дожд попладнево го зафати Скопје. Според УХМР, пороен дожд, грмежи и силен ветер во моментов има во северозападните делови од Македонија. Од УХМР најавија дека попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста во земјава ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Управата за хидрометеоролошки работи предупреди дека поради невремето со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на водите, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура, на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони.
Од утре и во почетокот на новата работна седмица следува стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…