Приведен криумчар на мигранти од скопско
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 27-годишниот Б. А. од селото Рашче, Скопско, извести МВР.
– Во 21.15 часот тој бил затекнат со А. А. (18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантот бил сместен во прифатно-транзитен центар, а Б. А. бил задржан во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли амфибиска операција на САД…
Амфибиската група „Макин Ајленд“, со 13-тата експедициска…
Енергетски удар врз ЕУ: Гасот поскапел за…
Цените на природниот гас во Европската Унија…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Две лица повредени со остар предмет, во…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37)…
Дејан Јованов останува во притвор 30 дена
На Д.Ј. од Кочани, првообвинет во случајот…