Апсења во Аеродром, Карпош и Гази Баба поради дрога

t

Полициски службеници привеле три лица на различни локации низ Скопје, откако кај нив била пронајдена дрога.

Најпрво во 15.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 22.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.З.(38) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

Додека денеска во 02.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ч.(29) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дејан Јованов останува во притвор 30 дена

На Д.Ј. од Кочани, првообвинет во случајот…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…

Македонски јазик и култура постојат и тие…

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Мицкоски пред Фон дер Лајен: Македонија ги…

Обраќање на премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција…