Ќучук: Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија на патот кон ЕУ

t

Без спроведување на потребните реформи, Република Македонија не може реално да ги започне преговорите за влез во ЕУ и ризикува да се одвои од Албанија. Вака смета бугарскиот европратеник и известувач во Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук.

Според него, „без промена на Уставот, Република Македонија не може да започне да преговара со ЕУ“.

Ќучук во интервју за „БГНЕС“ предупредил дека доколку нашата земја не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од пакетот со Албанија на патот кон ЕУ.

Така, Македонија ќе остане во една група со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи. Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со можноста Украина да почне да преговара со ЕУ. Таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Изборот е многу јасен – дали Република Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на јавно-социјалните односи или ќе се приклучи на друга група која нема јасна патоказ во ЕУ, смета Ќучук, нагласувајќи дека одлуката е целосно во рацете на македонските политичари.

Европратеникот смета во македонскиот парламент нема единство околу целта за влез во ЕУ, туку се игра со стравовите на македонското општество.

Никој не поставува дополнителни услови (на Скопје). Ова се условите и двете страни се договорија – Бугарија и Република Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското народно собрание и тоа мора да се исполни, дециден е Ќучук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…

Савески до пратениците: Во овој момент не…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…