Агелер: Корупцијата е систематски проблем во Македонија уште од независноста!

t

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер вели дека е разочарана што корупцијата продолжува да биде број еден предизвик со кој се соочува Македонија.

Беше и кога бев тука порано. Искрено има систематски проблем уште од независноста пред 31 година. Затоа не можеме да обвиниме само една Влада или институција. Тоа е одговорност на судството и секоја Влада и да бидеме искрени кон граѓаните, корупцијата не се случува сама од себе. Не можам само јас да бидам корумпирана. Тоа е производ на одлуки на поединци, граѓани и официјални лица, вели Агелер во вестите на Тв Канал 5.

Амбасадорката е оптимистка и се надева на вистинска промена.

Исто така верувам дека дел од евроинтегративниот пат ги адресира токму овие прашања и ќе ви биде од огромна помош, истакна Агелер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…