Османи итно разговараше со Бајрамов и Мирзојан: Преку конструктивен дијалог да се стабилизира состојбата околу Лачин коридорот

t

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денес, непосредно при неговото пристигнување во Астана, која е дел од неговата централно азиска турнеја, поради сензитивноста што се случува во Лачин Коридорот и потребата за итно реагирање, оствари два одделни телефонски разговори со Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, Џејхун Бајрамов и Арарат Мирзојан.

Министерот Османи ја изрази својата загриженост за состојбата околу коридорот Лачин и влијанието врз цивилното население, особено ранливите групи, вклучително жените и децата. Воедно, Османи истакна дека внимателно ја следи ситуацијата во Лачин коридорот и го повтори својот повик за конструктивен и продуктивен дијалог како авенија за одржливи решенија, за доброто на локалното население.

Претседавачот Османи истакна дека треба да преовладуваат хуманитарните аспекти и непосредните потреби на луѓето. Воедно ја потенцира потребата за користење на ОБСЕ механизмите и соодветни мерки како дел од решенијата за нормализирање на односите и градење доверба меѓу Ерменија и Азербејџан.

Претседавачот на ОБСЕ Османи, ја потврди својата подготвеност да продолжи со личниот, активен ангажман со страните и во таа насока, тој повтори дека Македонија е подготвена да понуди платформа за дијалог, додавајќи ги напорите и можните решенија за одржлив мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…