Mинистерот Шаќири и се заблагодари на професорка по македонски јазик: Таа е модел за посветеноста за идните генерации

t

Јетон Шаќири и се заблагодари за нејзината работа и не штедеше пофални зборови за достигнувањата на професорката по македонски јазик, Билјана Костова.

Повеќе од 22 години Костова е дел од настаниот процес каде активно ги поддржува учениците во развивање на својот талент во поезијата.

Таа е активен учесник во Црвениот Крст и го организира клубот Хумани срца каде учениците ја учат најважната животна лекција, лекцијата за хуманоста.

-Билјана Костова е професор по македонски јазик и литература во СУГС “Никола Карев” во Скопје. Од 2005 година е професор во гимназијата, но од 2001 е во наставниот процес.

Ги поддржува учениците, истовремено ги поттикнува да ги откријат нивните таленти особено во поезијата за што имаат добиено повеќе награди меѓу кои Гран при за поетска творба и Рациново признание за најдобра поема.

Посветеноста кон младите ја докажува со организирање на клубот Хумани срца кој постои од 2010 година со програма во согласност со програмата на Црвен Крст, на овој начин учениците ја доживуваат најголемата животна лекција: хуманоста.

Каде и да има прашања околу младите лица, адолесцентите, професорката Билјана е таму за придонес. Ве поттикнувам професорке да продолжите да бидете модел на посветеноста за идните генерации, вели во својот Фејсбук статус, министерот Јетон Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…