Одлични вести за тие што ќе одат на одмор: Топли августовски денови во најава
Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст, а во четврток ќе достигне до 37 стпени Целзиусови – најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
За викендов, метереолозите најавуваат сончево време со мача до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 33 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 16, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.
За недела е најавена температура во интервал од 10 до 34 степени, за понеделник од 10 до 35, вторник од 11 до 35, среда од 12 до 36, а за четврток од 13 до 37 степени Целзиусови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…