Нема да смее ,,пиле да прелета”: Важно соопштение од ФК Вардар и МВР во пресрет на мечот со Шкупи во недела
ФК Вардар излезе со официјално соопштение во пресрет на натпреварот од второто коло на ПМФЛ, кој „црвено-црните“ ќе го одиграат против екипата на Шкупи.
Дуелот помеѓу поранешните шампиони ќе се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а по состанокот со претставниците на МВР, беа изнесени неколку важни одлуки.
1. На паркингот пред стадионот ќе биде забрането паркирање возила, пред и по завршувањето на мечот.
2. На стадионот ќе биде забрането внесување на сите пијалоци, како алкохолни така и безалкохолни, а воедно забранети се сите останати предмети кои ќе можат да ја загрозат безбедноста на присутните.
3. Секое нарушување на правилникот на ФФМ за фер и коректно навивање ќе биде веднаш санкционирано, затоа се замолуваат сите навивачи кои ќе присуствуваат, да не потпаѓаат под било какви провокации. Да бидеме пример, да не дозволиме дополнителни финансиски казни за клубот, сега кога повеќе од било кога сме му потребни. Најверните „Комити“ воедно побараа да се навива исклучиво за својот клуб, во текот на сите 90 минути.
4. На стадионот најпрво ќе бидат пуштени сите луѓе кои поседуваат членски и сезонски карти, а доколку капацитетот дозволува, потоа ќе бидат пропуштани и сите кои сакаат да купат единечен билет по цена од 200 денари. Исто така, ќе се врши и замена на сезонските членски карти и сите навивачи ќе имаат можност да ги добијат своите оригинални пластифицирани сезонски билети.
Натпреварот помеѓу Вардар и Шкупи ќе се одигра на тринаесетти август, со почеток во 17:00 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелски министер : „Во Франција веќе започна…
Израелскиот министер за дијаспора и борба против…
Се проширува војната: Египет одобри „секаква неопходна…
Египетскиот Совет за национална одбрана, предводен од…
Вашингтон ѝ предлага на Европа: Продолжете да…
Европски претставници со негативни реакции на предлогот…
(Видео) Еве како денес изгледа Париз по…
Франција утрово прави преглед на штетите по…
Трагично заврши потрагата по исчезнато лице во…
Трагично заврши потрагата по 87-годишен жител на…