Реконструиран булеварот АСНОМ во Ново Лисиче
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на завршената реконструкција на дел од булеварот АСНОМ во Ново Лисиче.
Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна површина од 9750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници, велат надлежните.

– Станува збор за целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“, информираа од Град Скопје.

Со овој проект се изврши и целосно уредување на зелените површини покрај булеварот со вкупна површина од 27.000 квадратни метри. На новата зелена површина поставено е соодветно партерно уредување, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување на тревниците.
– Со уредувањето на зеленилото на оваа локација се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, животната средина и се зголемуваат парковските површини во градот, проачаа од Град Скопје.
https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/videos/862542978625262
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена од Македонија се удавила во Грција
Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Кочанскиот градоначалник Крстевски седна во пицерија-дивоградба и…
Привремениот градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, попладнево…
Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…
Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот…
Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…