На Македонците им ги снемува чадорите и пешкирите од плажите во Грција
Движењето за ослободување на грчките плажи од узурпација и акциите против „пешкир резевациите“ на јавниот простор актуелно се и на популарните дестинации на Халкидики.
Според информациите објавени на Фејсбук групата „Грчка инфор“ во текот на вчерашниот ден на плажата во Неа Флогита комуналците со багери ја расчистувале плажата и ги собирале пешкирите, лежалките и чадорите оставени на плажата за да „чуваат место“.
Туристите информираат и за слична акција спроведена утрово во Неа Каликратија, како и во Неа Потидеа.
„Општинските власти штотуку ги собраа сите пешкири, чадори и столчиња од плажата каде што нема никој“ – објави еден член на групата.
Според информациите објавени во грчките медиуми, општинските власти во Мудања и Неа Каликратија преку локалните медиуми и социјалните мрежи неколку дена ги предупредувале посетителите да не ги оставаат своите работи на јавните плажи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат…
Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
Царинска управа: Во поштенска пратка откриени 700…
Хашиш со тежина од 700 грама, е…