Исмаил за вчерашниот “свечен” пречек на Курти: Државата е под окупација, а власта колаборационистичка

t

Државата е под окупација, а власта е колабрационистичка, пишува членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил, во врска со вчерашните случувања во Скопје и Тетово по повод доаѓањето на косовскиот премиер Албин Курти.

-Кога во главниот град на државата, непоканет од ниту една државна институција, доаѓа косовски властодржец, кој бива пречекан без државен протокол – ниту трага и глас од државната химна и знаме , напротив, со знамиња и химни на трета држава; кога на истиот настан се врши промоција на промена на име на улица преку што се прави замена на партизанската и анти-фашистички симболика со нео-балистичка. Притоа, дополнително главната порака на гостинот е: Бугарија наспроти Србија; И на крај, кога за сето ова МВР молчи, не санкционира, не спречува, туку се прави како ништо да не е, ТОГАШ ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНО Е ДЕКА ДРЖАВАТА Е ПОД ОКУПАЦИЈА А ВЛАСТА НА ТАА ДРЖАВА Е НИШТО ДРУГО ОСВЕН АДМИНИСТРАЦИЈА НА ОКУПАТОРОТ – КОЛАБОРАЦИОНИСТИЧКА!

Епа народе, среќна нова 1941! – напиша Исмаил на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ