Објавено на:

Вучиќ: Од 2012 до денес вработени се повеќе од половина милион луѓе, платите ќе растат, а иселениците ќе се вратат во Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потсети на зголемувањето на платите за просветните работници, кое кумулативно ќе изнесува минимум 15 проценти.
Тој посочи и дека сега има помал одлив на луѓе од земјата.


-„Денес формално имате 500.000 вработени повеќе отколку во 2012 година. Сега има обратен процес и се намалува изселувањето од земјава. Луѓето ќе се вратат во својата земја. Кога просечната плата ќе надмине 1.000 евра, луѓето ќе се вратат. Животот овде нема да биде многу полош отколку на Запад. Ќе работиме да ги вратиме луѓето“, рече тој во гостувањето на ТВ Пинк.

Како што рече, сега просветните работници бараат покачување на платите и од први септември ќе добијат пет отсто, а од јануари уште најмалку 10 отсто, а инфлацијата, како што наведе, нема да надмине 11 отсто.
Како што истакна, платите ќе бидат повисоки и покрај инфлацијата.


„Тоа го правиме за луѓе кои разбираат и кои не бараат причина да штрајкуваат по секоја цена, како и за медицинските сестри кои први ги зголемија платите, бидејќи повеќе од нив заминуваат отколку лекари. Со ова сакаме да ги спречиме, тие што се тука да останат, а тие што се во странство да се вратат“, рече Вучиќ и најави зголемување на минималната плата до крајот на годината.
Вучиќ изјави дека во ИКТ секторот се вработени над 220.000 луѓе, но дека Србија има се поголема потреба од странски работници од кои зависи.
„Повеќе од 60 отсто од работниците на Моравскиот коридор се странци“, рече тој.


Претседателот Вучиќ рече дека целта е да се зачува солидна валута и дека динарот никогаш не бил стабилен 11 години по ред како што е денес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…