Уапсен педофил кој на плажата во Неи Пори ги снимал малите деца
Педофил кој фотографирал мали деца на плажа е уапсен вчера на плажата во Неи Пори. Оваа вест ја објави Србинка на социјалните мрежи во групата „Грција во живо“.
– Плажата Неи Пори. Благодарение на спасителот, приведен е педофил кој фотографирал мали деца на плажа. Секоја чест за дечкото за брзата и ефикасна реакција – стои во нејзината објава.
Да потсетиме, српски Курир пренесе и предупредување од страницата „Грчка инфо“ во кое родителите алармираат да не дозволат нивните деца да бидат голи на плажите.
– Децата на плажите најчесто ги снимаат педофилите со своите мобилни телефони. Сепак, тие користат и други уреди. На пример, едноставен клуч од автомобил со мала камера интегрирана во него, рачни часовници со камера, книги. Дури и камерите кои се во рамката на најобичните очила за сонце – изјави пред неколку дена администраторот на групата „Грчка инфо“.
Таа додаде дека предаторите користат и хемиски пенкала со вградени моќни камери кои имаат USB и микро картички.
– Минатото лето во соседна земја беа уапсени двајца странски државјани кои снимале голи деца со камера што ја чувале во фрижидер за на плажа! Тешко е да ги препознаете бидејќи често се мажи (па и жени) кои доаѓаат на плажа со своите семејства, од кои ги кријат своите болни нагони – предупреди таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…