Вистински хорор на Хаваите, расте бројот на загинати – најмногу загинати во шумски пожар во последните 100 години
Бројот на настрадани во шумските пожари кои го зафатија островот Мауи на Хаваите порасна на 93, а стотици лица и понатаму се водат за исчезнати.
Тоа е најголемиот број на настрадани во шумски пожар во последните 100 години.
Спасувачките екипи со кучиња пребараа само три отсто од подрачјето, изјави шефот на полицијата на Мауи Џон Пелетје.
Предупредни дека бројот на настрадани ќе расте и дека никој се уѓте не знае колкав ќе биде.
Најмалку 2.200 објекти се оштетени или уништени во Западен Мауи од кои 86 отсто се станбени.
Штетата низ островот е проценета на околу шест милијарди долари.
Со зголемувањето на бројот на жртвите, не е јасно како мртовечниците ќе примат толкав број жртви имајќи предвид дека постои само една болница и три мртовечници.
Бројот на загинати направи ова да биде најголемата природна катастрофа на Хаваите во историјата, надминувајќи го цунамито во 1960 година, во кое загинаа 61 лице.
Последниот број на загинати ги надминува 85-те луѓе кои загинаа во шумскиот пожар во 2018 година во Парадајс, Калифорнија, што беше највисок од 1918 година кога пожарот во Клокет во Минесота и Висконсин однесе 453 животи.
Додека беше во посета во Лахаина, Грин рече дека државните и федералните агенции работат на помош на преживеаните.
„Нашиот фокус сега е повторно да ги обединиме луѓето каде што можеме, да им обезбедиме домување и здравствена заштита, а потоа да се свртиме кон обнова“, рече тој.
Катастрофата започна нешто по полноќ во вторникот, кога беше пријавен пожар во градот Кула, на околу 56 километри од Лахаина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…