Шолц се залага за дипломатско решение на конфликтот меѓу Русија и Украина
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се заложи за изнаоѓање дипломатско решение за завршување на војната во Украина, нагласувајќи дека сегашните разговори се многу важни и можат да овозможат мир.
Во интервју за ЗДФ, тој оцени дека минатонеделните мировни преговори во Саудиска Арабија иако биле само почеток, биле многу важни.
Германскиот канцелар кажа дека покрај земјите од Латинска Америка и Африка, во разговорите учествувала и Кина
Затоа има смисла да се продолжат овие разговори, бидејќи, многу конкретно тие го зголемуваат притисокот врз Русија да разбере дека е на погрешен пат и дека треба да ги повлече своите трупи и да дозволи мир, нагласи Шолц.
Тој не ја исклучи испораката на крстосувачките ракети „Таурус“ за Украина. На прашањето зошто Германија сè уште не ги испорачала тие проектили, Шолц објасни дека германската Влада, како и во минатото, секогаш внимателно ќе ја проверува секоја одлука „што функционира, што има смисла, каков може да биде нашиот придонес“, додавајќи дека не сака да се брза за ова прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…
Форбс: Во услови на рекордни загуби во…
Русија претрпе околу 1,4 милиони жртви на…
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…