Полицијата трага по лицата кои го вееја знамето на т.н.голема Албанија

t

Тетовската полиција се уште го идентификува вејачот на знамето со картата на голема Албанија на манифестацијата која пред три дена се одржа во Тетово по повод пречекот на косовскиот премиер Курти.

Засега е непознато и дали некој од организаторите ќе сноси одговорност затоа што на овој јавен собир, и на тој во општина Чаир, никаде не беше истакнато државнотознаме, ниту беше интонирана македонската химна.

За Алтернатива, чиј лидер присуствуваше на двата собира, нема ништо спорно во тоа што Курти бил пречекан без македонските нацинални обележја, тукусо албанското знаме и химна. Од партијата на Гаши го обвинија и Претседателот Пендаровски дека бил албанофоб затоа што побара да се казнат организаторите поради нагласување на провокативна националистичка иконографија и игнорирање на симболите на македонската држава. На Македонците им порачаа да се соочат со реалноста.

-Како што многупати сме кажале, ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста, бидејќи – додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи.-Орхан Муртезани – Алтернатива.

Што се однесува до загриженоста на претседателот Пендаровски, мора да истакнеме дека тој со оваа реакција, напаѓајќи го Албин Курти, се чини дека ù се додворува на ДУИ за да го поддржи и за една кандидатура.

Околу прашањето за одговорноста веќе трет ден трае молкот на тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА Касами.Тој вчера попладнето преку социјалните мрежи единствено испрати политичка порака во која кажа дека власта дека се плаши од изборен пораз на следните избори, особено откако се појавил Фронтот на обединетата опозиција со поддршка од Курти.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска повторија дека премиерот Ковачевски, кога бил заменик министер за финансии гласал чаирската улица „Втора македонска бригада“ да се преименува во „Адем Демачи“. Од СДСМ, пак, го обвинија опозицискиот лидер Мицкоски дека не се произнел за провокациите во Тетово.

„ Ковачевски да каже дали денес се срами што гласал за „Адем Демачи“ наместо за „Втора македонска“, па сега се крие и манипулира, бара Чаир да си изградил улица ако сакале да го носи името на „Адем Демачи“? Почитувани,Не постои срам и понижување на Македонија зад кое што не стои потписот на СДС! И не постои таков зафат без притоа СДС со лаги и криење да се обиде да избега од одговорност! Таков документ или зафат едноставно не постои! “-Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Ниту збор не кажа Мицкоски за тоа што немаше државно знаме, за тоа што немаше државна химната.Молчи Мицкоски и за провокациите. Наместо осуда Мицкоски се стави во одбрана на Касами, неговиот коалициски партнер, кој беше организатор на настанот. Касами, токму со гласовите и поддршката на ДПМНЕ стана на градоначалник на Тетово, заедно држеа прес конференции токму овде во општинската зграда.“-Марија Костовска Наумовска – ОО СДСМ Тетово.

Посетата на косовскиот премиер Курти беше неофицијална и траеше еден ден, без средби со државниот врв .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…

Полицаец издавал службени тајни од МВР по…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…